За нас

Плус 24“ е проект кој се темели врз повеќегодишно искуство во новинарството на челните луѓе кои го основаа порталот и кој на медиумската сцена стапнува со сериозни претензии кон професионалноста.

Порталот се издвојува од низата на оние кои се познати како „жолт печат“ и кои шират невистини со цел да предизвикаат паника или да задоволат нечии страсти и интереси, а со тоа наша обврска е на нашите читатели да им испорачаме вести кои се, пред се, проверени, навремени и достапни во секој момент од денот.

Како проект „Плус 24“ е изготвуван подолг временски период и во предвид се земени сите недостатоци со кои читателите се сретнуваат кај другите веб-портали, па така, нашата цел е да го надополниме и да им го доставиме како информација она што им е ускратено на читателите поради порталите кои се под притисок или под нечии закрила.

Во делот на редакцијата се вбројуваат три лица, од кои две зад себе имаат сериозен багаж кој е стекнат во пракса на повеќе сопствени и портали на познати компании во Република Македонија, додека во делот на сопствеништвото и уредништвото се вбројуваат две лица.

со почит,
Тимот на „Плус 24“.

AlbanianMacedonianSerbian