Морничаво видео: Возачот заспал, па автобусот се превртел – има мртви

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

Најмалку четири лица загинаа, а уште 11 се повредени откако меѓуградски автобус излета од патот во западна Русија, соопштија денеска властите.

Автобусот што возел од Москва кон Волгоград се превртел во провалија во регионот Рјазан, околу 250 километри јужно од Москва.

Најмалку четири лица, вклучително и возачот на автобусот, загинаа, а 11, меѓу кои и неколку деца, се хоспитализирани со повреди по несреќата што се случи синоќа, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека возачот можеби изгубил контрола над автобусот откако заспал.

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian