Малиот Јоан на Теа и честиташе роденден на Корејски – радости во семејството Јовиќ (ВИДЕО)

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

Станува збор за едно прекрасно семејство за кое јавноста знае да каже дека е едно од оние семејства каде што зрачи најмногу хармонија, а неретко Ѓоко знае да објави и приватни семејни фотографии од дечињата и сопругата Ивана.

Станува збор за Ѓоко Јовиќ и неговото семејство каде што симпатиите овој пат ги собра најмалиот син Јоан, кој што заедно со неговиот постар брат Михаил отпеа две роденденски песнички по повод роденденот на нивната сестра Теодора, од кои што првата беше на Корејски.

Теодора ја паметиме по преработката на песната „Ципеле“ заедно со нејзиниот татко Ѓоко Јовиќ, каде што покажа навистина огромен талент и ја потврди народната поговорка дека „крушата под круша паѓа“, односно, таа покажа дека ги следи стапките на Ѓоко, а за тоа сме сведоци и по преработката на преубавата македонска песна „На Велигден јас се заљубив“.

Михаил, пак, го паметиме по појавувањето во спотовите на некои од песните на Ѓоко Јовиќ, како што се: „Туѓина, пуста далечина“, „Решив дома да се вратам“ и „За Велигден“, каде што, како дете, одлично се снајде и ги долови емоциите кои подоцна и ги пренесе на публиката.

Редакцијата на Плус 24 и го честита роденденот на ќеркичката Теодора и, посакува таа да има безгрижно детство и многу успеси, како во животот, така и во музиката, доколку одлучи сериозно да се занимава со музика и да ја продолжи лозата на Ѓоко заедно со Михаил.

Видеото погледнете го на официјалната Фејсбук страница на Ѓоко Јовиќ.

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian