Теодор е на чекор да стане Ново Име на Новоиме.мк – да му дадеме поддршка со глас

На сајтот Ново Име се наоѓаат ликот и делото на Теодор Мицески од Прилеп, чија што желба е да биде професионален фотограф, а визијата за одлична фотографија е нешто кое што го исполнува и го прави задоволен.
Теодор влезе во потесниот круг и првото место му е на чекор од дофат, а за да успее во тоа потребна му е Ваша поддршка со глас за кој што подолу ќе Ви биде објаснето низ фотографии како да гласате.
-Здраво, јас сум Теодор Мицески имам 24 години и сум љубител ма фотографирање. Како и повеќето луѓе така и јас имам нешто што ме исполнува а тоа е добрата фотографија.Фотографијата ја гледам како спомен, смрзнат момент – вели Теодор.
Доколку сакате да погледнете дел од неговите фотографии, ги имате на следниот линк.
Вашиот глас, кој ќе Ви одземе една минута, на него многу ќе му значи, а можеби токму Вашиот глас ќе го однесе на првото место.
Во продолжение Ви објаснуваме низ фотографии како да гласате:




Коментирај