Аца Логос со новогодишно шоу на Фејсбук: Вечерва во 20:00 часот ќе се вклучи во живо

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

Пишувавме за Аца Логос, струмичанецот кој повеќе од две децении ја радува публиката со своето грло и песните.

Тој денеска по повод новата 2021 година одлучи на своите фанови да им приреди музичко шоу каде што ќе можат да си нарачаат песни кои им се омилени.

Шоуто е закажано за денеска, со почеток од 20:00 часот, а истото ќе се емитува на социјалната мрежа „Фејсбук“, и тоа преку лајв видео, така што, ќе оди со директно линковско вклучување и на нашите фан страници.

Доколку сакате музичката програма да ја следите директно преку неговиот официјален Фејсбук профил, тоа можете да го направите на следниот линк.

Во негова придружба вечерва во шоуто ќе се појави и Енис, кој ќе биде задолжен за клавијатурите, за да забавата звучи онака како што заслужува.

Во продолжение слушнете ја неговата преработка на песната „Ко зна кол’ко далеко си ти“ од легендарниот Мухарем Сербезовски.

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian