Аца Логос за Плус 24: Имам многу новитети на музички план, чекам да помине пандемијата

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

-Од каде желбата да се занимаваш со музика, дали имаш наследни гени и од кога датираат твоите почетоци?

-Моите почетоци датираат од најрана возраст, а со музика професионално почнав да се занимавам од шеснаесетгодишна возраст.

-Кој стил на музика најмногу те отсликува и по што најмногу те препознава и памети твојата публика?

Ги пеам сите стилови на музика и немам проблем со тоа. Оние што биле на моите настапи за тоа би можеле да ви дадат најсоодветен одговор. Интересно е тоа што публиката ме препознава по тоа што ги пеам песните од Синан Сакиќ, Шабан Шаулиќ, Мухарем Сербезовски и нашиот Гоце Арнаудов.

-Пандемијата ги зафати сите професии, но најмногу им ја ускрати егзистенцијата токму на музичарите. Како се соочуваш со пандемијата и дали сметаш дека се гледа светло на крајот од тунелот?

Да. Пандемијата се одрази лошо на нашата професија. Едноставно, таа нас музичарите не нокаутираше… Искрено се надевам, и посакувам таа да заврши што поскоро за да можеме да се вратиме на нашите настапи и да ја веселиме нашата публика. Тоа во моментот најмногу ми недостига.

-кои се твоите идни планови на музичко поле во блиска иднина… дали планираш да ги изненадиш обожавателите со една нова песна или можеби со комплетен албум?

Имам многу планови и многу проекти се на видик. Чекам да се стави крај на пандемијата за да можам да ги реализирам. Инаку, во план ми се неколку интересни преработки и многу новитети во иднина во поглед на авторските песни. Публиката има што да очекува од мене, но за тоа наскоро…

-Струмица важи за извор на музички таленти. Дали други познати личности од Струмица ти помогнале во кариерата или сепак преовладува љубомората на сцената во Македонија?

Да. Струмица е навистина богата со музички имиња од кои добар дел оставиле и се уште оставаат траги во музичката ризница на Македонија. Морам да напоменам дека имам одлична соработка со многу од моите колеги, а за тоа благодарноста е взаемна.

-Од каде „Логос“? – Што ќе им порачаш на твоите фанови?

„Логос“ доаѓа од збор кој што означува „зборување“, „размислување“ и слично. Инаку, тој прекар ми го даде еден многу драг колега.

Во продолжение посетете ја неговата официјална Фејсбук страница.

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian