ММТ – прв македонски онлајн проект од натпреварувачки карактер за зачувување на македонската песна

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

Деновиве на социјалните платформи стартуваше со работа првиот македонски онлајн проект кој има за цел да ја зачува македонската музика и да открие нови музички имиња на нашата сцена.

Фејсбук страницата МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ – ММТ изработи концепт кој им овозможува на аматерите со привлечен вокал и со богати вокални способности својот талент да го претстават пред јавноста и со тоа да отворат ново поглавје во нивниот живот, но и во музичката ризница на Македонија.

Имено, зад проектот стојат еминентни и реномирани музички имиња од македонската сцена кои важат за познати и признати во јавноста.

  • Нашата цел не е од профитабилен карактер, напротив, нашата цел е да откриеме нови лица кои ќе дадат свој допринос во зачувувањето на нашиот мелос и ќе имаат можност да се претстават пред публиката и да изградат кариера заснована на цврсти темели на вистински вредности. Сметаме дека во Македонија има навистина многу неоткриени таленти кои досега немале можност да ги истакнат своите музички вештини заради строгите критериуми на досегашните шоу-а од ваков или сличен карактер, па одлучивме таа можност да ја поедноставиме за да може секој да добие шанса да покаже што знае и умее во музиката – велат организаторите.

За да можат идните музички имиња да земат учество во МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ – ММТ, потребно е да испочитуваат некои основни услови, а тие се следните: Секој еден кандидат не смее да има помалку од 9 години, не смее да е носител на музички права за песна која што тој ја напишал или ја компонирал, не смее ниту да има своја авторска песна која ја снимил претходно, а најважно од се, не смее да пее песна на друг, освен на македонски јазик за да се натпреварува.

Во правилата на ММТ стои дека следуваат две главни награди, а тоа се две авторски песни, од кои едната ќе му биде доделена на најпопуларниот изведувач во делот на народната, а другата на најпопуларниот изведувач во делот на забавната македонска музика.

Се што е потребно, е да доставите во месенџер на страницата Ваше видео кое нема да е подолго од 90 секунди. Она што е задолжително е тоа што песната мора да биде отпеана на клавир, гитара, во придружба на бенд/група или со матрица.

Натпреварувањето ќе трае два месеци, а победници се оние двајца кои што ќе освојат најмногу лајкови на видеото на официјалната Фејсбук страница на ММТ, истите ќе бидат објавени на 11.03.2021 година.

За да ја посетите Фејсбук страницата кликнете ТУКА.

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian