Ѓоко Јовиќ со драстична промена на фризурата – пронајдете ја разликата (ФОТО)

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

Пејачот Ѓоко Јовиќ често знае да експериментира со својата коса и со тоа да ги изненади своите фанови и оние кои го следат текот на неговата кариера заедно со секојдневните случувања од приватниот живот кои тој неретко знае да ги сподели на социјалните мрежи.

Тој денеска на својата фан страна на Фејсбук објави фотографија од неговиот нов стил, а истата фотографија ја креирал во фризерското студио ,,Сузе Атанасовска”.

Судејќи по реакциите под самата фотографија на социјалните мрежи, Ѓоко и овој пат успеа да ги собере симпатиите кај неговите следбеници, кои го пофалија и го поздравија неговиот нов изглед.

Со оглед на тоа што фризурите од овој тип се повеќе се во тренд, ние најдовме фотографија од легендарната соседна пејачка Марија Шерифовиќ, која, исто така, го следи најновиот тренд и веќе одреден период ја има истата фризура, па направивме една мала споредба низ фотографија која е исклучиво од забавен карактер, па одлучивме да ја сместиме во рубриката ,,ПРОНАЈДИ ЈА РАЗЛИКАТА”.

Во продолжение погледнете ја фотографијата:

ФОТО: Монтажа од тимот на Плус 24

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian