Полчасовен сплет на Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ во чест на Шабан Шаулиќ – вистинско освежување е и Мишел Трајковски (ВИДЕО)

КЛИКНИ И ДОНИРАЈ без да дадеш пари! Избери една од објавите во „ЖИВОТНИ ИСКУСТВА“ и со самиот клик ДОНИРАШ!

Општо е познато дека поради новонастанатата ситуација со пандемијата драстично или во целост запреа активностите во повеќето професии, па така, речиси и да не се случува ништо интересно, ништо освежувачко и мотивирачко.

Но, не е така и со момците од „Енерџи бенд“. Тие постојано, и во време на пандемија творат и создаваат за својата публика да ја изненадат и да ја мотивираат низ песни да преброди се низ што поминуваме веќе една година.

Имено, периодов Ѓоко Јовиќ и момците од бендот макотрпно работеа на нови музички проекти со авторски песни, но и на сплетови од легендарниот Шабан Шаулиќ, а за сето тоа да прозвучи светски се појавува и еден од најдобрите виртуози на хармоника во Македонија и пошироко, Мишел Трајковски.

-Пандемијата ни остави доволно простор да одмориме од се и да им се посветиме на најблиските, на семејството… но, ни разбуди и многу идеи за нови музички проекти кои што ги зграпчивме со силна страст и се токмиме да ги реализираме една по една, а ги има доволно. По песната „Прелетај соколе“ која што ја објавив за време на пандемијата ние работевме и на внимателно одбирање песни од богатата ризница на Шабан Шаулиќ, кои што ги соединивме во еден прекрасен сплет. Има повеќе од половина час материјал и публиката има навистина што да слушне, имаме што да и понудиме. Во овој проект заедно одлучивме да го вклучиме и да ни биде специјален гостин Мишел Трајковски, бидејќи тој со својата умешнсот со хармониката на песните знае да им даде еден посебен емотивен момент, а сметаме дека публиката тоа ќе знае да го почувствува – вели Ѓоко за Плус 24.

За овој сплет кој е создаден во чест и во незаборав на Шабан Шаулиќ е снимен и видео запис. Се работи за запис во затворен простор со внимателно одбран ентериер кој зрачи со прекрасни ефекти, а од десната страна се наоѓа полица со фотографии од кои секоја една има за цел да ги опише стиховите во секоја наредна песна, што е навистина прекрасно.

Во продолжение погледнете го видеото:

Коментирај

AlbanianMacedonianSerbian